Пред крај на летото, Шилегов распиша јавен повик за „Летен фестивал“, рок за пријавување вчера, односно само пет дена!

932

Град Скопје во денешниот дневен печат распиша повик за „Летен фестивал“. Според огласот, рокот за пријавување на повикот е пет дена почнувајќи од денеска, од кои два се неработни. Добитниците ќе се знаат за 15 дена, а тоа значи дека апликантите ќе можат да почнат со активностите најрано на 21 август, еден месец пред календарскиот крај на летото.

Добро упатените велат дека за овој фестивал програмата е донесена уште во јануари годинава, а одвоени се 2 милиони денари. Има соменавања дека задоцнетото објавувањето на јавниот повик би можело да значи дека однапред се знае кои апликанти ќе ги добијат парите.






Освен тоа, се поставува прашањето дали токму сега, во екот на пандемијата, кога секој денар се штеди за санирање на последиците од кризата, е целисходно градоначалникот Петре Шилегов и градските власти јавните пари да ги трошат за вакви активности, велат упатените.

Поврзани содржини