ПРЕД ДА СЕ ТЕТОВИРАТЕ, ДОБРО РАЗМИСЛЕТЕ! Тетоважите може да предизвикаат автоимуни болести, а мастилата содржат штетни хемикалии

Мастилата за тетоважи што ги користат уметниците за тетоважи може да се апсорбираат од макрофагите (вид на бели крвни зрнца) кои го задржуваат мастилото во кожата. Во некои случаи, можно е нечистотиите да влезат во крвотокот и да се шират низ телото, зголемувајќи го ризикот од несакани ефекти како што е оштетување на органите. И не е само тоа…

666

Популарноста на тетоважите и трајната шминка енормно се зголемиja во светот. За жал, хроничните компликации од тетоважите се јавуваат кај 6 до 8% од тетовираните луѓе. Овие компликации се движат од инфекции и алергиски реакции до автоимуни болести како саркоидоза.

Широкиот спектар на компликации од тетоважите можат да започнат и неколку години по тетоважата.






Без оглед на причината поради која сакате да се тетовирате, важно е да размислите и да бидете подготвени за потенцијалните ризици.

Освен за луѓето кои имаат некоја автоимуна болест, тетоважите не се без ризик, дури и за луѓе кои не живеат со автоимуна или хронична болест.

Врската помеѓу тетоважата и долгорочните ефекти врз здравјето не е нашироко позната. Во видеото кое можете да го видите ТУКА, се зборува за можните негативни ефекти од тетоважата.
Некои од вообичаените компликации на тетоважите се добро познати. Како што се инфекции со хепатитис, ХИВ поради употреба на контаминирани игли. Но кои се долгорочните ефекти на мастилата за тетоважи.

Во истото видео станува збор за тоа дека тетоважата става огромен товар на нашиот имунолошки систем, ги активира имунолошките клетки кои можат да предизвикаат автоимуни болести како што се саркоидоза, лупус, лихен планус и многу други.
Тетоважата често води до она што се нарекува тип 4 или одложена реакција на хиперсензитивност.

 

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини