📽️ ПРЕД ДА ПОЧИНЕ СОБРА ИМИЊА КОИ РЕТКО СЕ ГЛЕДААТ ЗАЕДНО Легендарниот Ози приреди шоу за паметење

Легендарниот хеви-металик Ози Озборн 17 дена пред смртта организираше проштален концерт со музичка елита – Металика, Ганс ен Роузис, Пантера, Тул и Блек Сабат заедно на една сцена во спектакл за историја.

714

Неговото последно „збогум“ ќе остане врежано во историјата на рок музиката. Џон Мајкл „Ози“ Озборн, иконата на хеви-металот, го одржа својот проштален концерт насловен „Back to the Beginning“ во Бирмингем, само 17 дена пред неговата смрт. Но она што го направи тој настап навистина посебен беше составот, музичка суперсила од ѕвезди што ретко или никогаш не се појавуваат заедно на иста сцена.

Во неверојатна ноќ исполнета со емоции и енергија, на сцената настапија: Металика, Ганс ен Роузис, Пантера, Слејер, Тул, Ламб оф Год, Антракс, Алис ин Чејнс, како и Били Корган, Стивен Тајлер, Том Морело, Семи Хагар и Зек Вајлд. Секој изведе свои класици, но и безвременски хитови на Блек Сабат во чест на Ози.






Кон крајот на концертот, самата легенда се појави на сцена, седнат во кожена фотелја, но вокално присутен и моќен. Со поддршка од својот соло-бенд, ги испеа: „I Don’t Know“, „Mr. Crowley“, „Suicide Solution“, „Mama, I’m Coming Home“ и „Crazy Train“.

Она што навистина го круниса моментот беше појавата на оригиналните членови на „Блек Сабат“, првпат по 20 години, кои заедно со Ози ги отсвиреа „War Pigs“, „N.I.B.“, „Iron Man“ и „Paranoid“. Сите други ѕвезди стоеја на сцената, сведоци на последниот валцер на хеви-металот.

Настанот беше пренесуван во живо ширум светот, а веќе е најавено и негово прикажување како филм на големите екрани во 2026 година.

Поврзани содржини