ПРЕД 40 ГОДИНИ ЕДНА ПЕСНА ГИ СКАРАЛА БРЕГОВИЌ И БАЛАШЕВИЌ Хитот што го испеа Чолиќ (ВИДЕО)

Песната наводно го носела називот „Опатица“, но Бреговиќ бил убеден дека подобро ќе помине кај слушателите ако ја наречат „Маѓарица“.

2,134

Текстот за споменатата хит песна го напишал кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, а таа соработка наводно довела до кавга меѓу Балашевиќ и Горан Бреговиќ кој ја напишал музиката.

Песната наводно го носела називот „Опатица“, но Бреговиќ бил убеден дека подобро ќе помине кај слушателите ако ја наречат „Маѓарица“.






Балашевиќ, кој отсекогаш бил познат како уметник кој не сака промени во неговите текстови, не се согласил со предлогот на Бреговиќ, а на сѐ дополнително кумувало и тоа што Здравко Чолиќ одлучил дека повеќе му се допаѓа „Маѓарица“, поради што Балашевиќ и Бреговиќ потоа повеќе никогаш не соработувале.

„Маѓарица“ била дел од албумот „Мало појачај радио“, кој го снимил Здравко Чолиќ во 1981 година во Лондон.

Самиот албум е продаден во повеќе од 300.000 примероци, а „Маѓарица“ стана безвременски хит.

 

 

 

Поврзани содржини