ГРАНДИОЗНА ПОБЕДА НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА Води со над 145.000 гласови пред Пендаровски

286

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 80,51 проценти од гласовите, односно 2.864 од вкупно 3.508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 287.192 гласови (39,93%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 140.272 гласови (19,50%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 102.360 гласови (14,23 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 72.358 гласови (10,06 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 60.850 гласови (8,46 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 31.013 гласови (4,31 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5.242 гласови (0,73 %).

 

Поврзани содржини