ПРАЗНУВАЈТЕ ОДГОВОРНО И НЕ СЕДНУВАЈТЕ ПРЕД ВОЛАНОТ ПИЈАНИ Министерот Спасовски испрати честитка за среќа и бериќет

Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да не го објавуваме нашето отсуство од домот, правејќи го така попривлечно за крадците и разбојниците, а сомнителните појави да ги пријавиме во најблиската полициска станица, порача министерот.

248

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сите граѓани им посака среќна и бериќетна Нова година. За претстојните празници, потсетува Спасовски, дека треба да празнуваме одговорно, да се погрижиме да го сочуваме сопственото и здравјето на најблиските.

– Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да не го објавуваме нашето отсуство од домот, правејќи го така попривлечно за крадците и разбојниците, а сомнителните појави да ги пријавиме во најблиската полициска станица. Пиротехниката да им ја оставиме на професионалците, оти далеку поубаво место за прослава е кругот на најблиските одошто  ургентните центри. Иако за полицијата нема празник и таа ќе биде присутна на терен, да се воздржиме од инциденти, бидејќи тие само ја уништуваат празничната атмосфера – вели во новогодишното обраќање Спасовски.

Поврзани содржини