МИГРАНТИ ВО БМВ – На 28.08.2020 во 16,10 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино од полициски службеници било забележано патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое излетало од патот, а возачот се дал во бегство. Во возилото пронајдени биле осум мигранти (седум од Бангладеш и еден од Пакистан, сите полнолетни). Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар-Винојуг Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ТЕПАЧКА ВО ПРОБИШТИП – На 29.08.2020 во 02,35 часот било пријавено дека во Пробиштип пред хотел, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.Т.(30), М.Л.(33) и Н.В.(30) од една страна и Т.А.(21) од друга страна сите од Пробиштип. Се работи на расчистување на случајот.
ИСТЕПАНА СТАРИЦА – На 28.08.2020 во 08,00 часот М.Т.(86) од с.Пиперево пријавила дека на ул.Охридска во Струмица била физички нападната од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
ТУПАНИЦИ ВО РАДОВИШ – На 28.08.2020 во 23,30 часот Б.М.(32) од Радовиш пријавил дека на ул.8-ми Септември пред угостителски објект во Радовиш бил физички нападнат од Н.А. и Г.Б. од Радовиш. Се работи на расчистување на случајот.
ТЕПАЧКА ВО КАФАНА – На 28.08.2020 во 14,50 часот Р.Г.(39) од Кавадарци, пријавил дека во угостителски објект во Кавадарци бил физички нападнат од Б.В. Се работи на расчистување на случајот.
ИСТЕПАН СКОЈАНЕЦ – На 29.08.2020 во 00,35 часот било пријавено дека во Скопје на ул.Македонија во угостителски објект А.Х.(21) од Скопје бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.
НАПАДНАТ МАЛОЛЕТНИК – На 28.08.2020 во 22,40 часот Б.И.(26) од Скопје пријавила дека на ул.Индира Ганди нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од А.М.(42). Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
ПОЖАР ВО ФАБРИКА – На 28.08.2020 во 06,00 часот во Полициското одделение Кривогаштани, било пријавено дека во с.Славеј во фабрика за конзервирани производи настанал пожар во едно од металните ормарчиња со електрично броило, при што целото било опожарено. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
НЕЛЕГАЛНО ВЛЕГОЛ ВО ЗЕМЈАВА И СЕ УДАВИЛ ВО ЕЗЕРО – На 28.08.2020 во 14,50 часот било пријавено во Полициската станица за Граничен надзор Попова Шапка дека на територијата на нашата земја Ф.А. (на возраст околу 20 години) од Р.Косово заедно со уште неколку други лица од Косово илегално влегле во Република Северна Македонија по што влегле да се капат во „Караниколичко езеро“, при што, според пријавеното, Ф.А. се удавил. Едно од лицата се вратило во Р.Косово каде го пријавил настанот во полициска станица Драгаш, од каде потоа е известена ПСГН Попова Шапка. На 29.08. околу 09,00 часот увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител со хелихоптер пристигнале на местото на настанот и од водите на езерото било извадено телото на Ф.А.. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. Останатите лица кои биле со починатиот биле приведени во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.
ИСЧЕЗНАТА ДЕВОЈКА – На 28.08.2020 во 23,00 часот во Полициската станица Бит Пазар, И.Б.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка В.Б.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
(Дел од Билтенот на МВР за 29.08.2020)