ПРАЗНИЦИТЕ ГО НАПОЛНИЈА ДОЈРАН СО ТУРИСТИ Се бара кревет повеќе, сите капацитети се исполнети

Ние сме подготвени да ги пречекаме сите посетители и да им го понудиме нашето познато гостопримство - рече градоначалникот Ангов.

1,307

За првомајските и за велигденските празници во Дојран се очекува да престојуваат над 10.000 туристи, соопшти градоначалникот Анго Ангов.

Според него, се бара место повеќе и сите капацитети се исполнети.






– Сакам да истакнам дека не само за празниците, туку од лани и од почетокот на оваа година расте бројот на туристи кои го посетуваат Дојран надвор од летната сезона. Ние сме подготвени да ги пречекаме сите посетители и да им го понудиме нашето познато гостопримство – рече градоначалникот Ангов.

Тој додаде дека се зголемува бројот на сместувачките капацитети со обновување на тие коишто не биле во функција подолго време, а се градат и нови со што туристичката понуда на Дојран се зголемува.

Поврзани содржини