ПРАЗНИЧНИ ИЗНЕНАДУВАЊА ОД МТЕЛ Со секоја нова mSTART картичка се добива и екстра кредит
Покрај дополнителниот кредит како и досега со mSTART припејд картичките корисниците добиваат и ексклузивен пристап до МТЕЛ мобилните апликации mPLAY TV и Balkan Music.
Во пресрет на празниците МТЕЛ ја дополни својата понуда за припејд корисниците доделувајќи им екстра почетен кредит. До 31 јануари сите оние кои ќе се подноват со mSTART припејд картичка од МТЕЛ ќе добијат повисок почетен кредит.
Со секој mSTART 14 картичка, наместо досегашните 50 денари, корисниците добиваат 200 денари почетен кредит, а со mSTART 20 наместо досегашните 100, добиваат 300 денари почетен кредит.
Покрај дополнителниот кредит, како и досега, со mSTART припејд картичките корисниците добиваат и ексклузивен пристап до МТЕЛ мобилните апликации mPLAY TV и Balkan Music. На апликацијата Balkan Myusic корисницете можат да уживаат во најголемите балкански хитови и најслушаните музички артисти од регионот, но и да креираат свои плејлисти. А, со mPLAY TV, на својот мобилен може да ги гледаат најпопуларните серии и филмови од регионот, како и ТВ во живо.
Нова mSTART картичка може да се купи во продажните салони на МТЕЛ во Скопје и Куманово или преку мрежата на овластени партнери на МТЕЛ ширум државата.