Празничен карантин од сабота во 19 часот до вторник до 5 часот, предлага Комисијата

Сите овие случаи коишто ги имаме изминатите неколку денови во огромен процент се должат на настани, семејни собири коишто се случуваа изминатите денови. Токму заради тоа непочитување на мерките ние имаме нови случаи. Во таа смисла само една ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект - нагласи Филипче.

2,652

Полицискиот час би требало да трае од сабота од 19 часот, до вторник до 05 часот наутро, е предлогот којшто Комисијата за заразни болести ќе го упати до Владата за претстојниот празничен викенд, потврдија за Плусинфо од Комисија.

Денес Владата ќе решава за предлогот за продолжување на полицискиот час.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска образложи дека причината за предлогот на Комисијата е поради непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани.

– Што е суштината и зашто тоа се предложи? Сите овие случаи коишто ги имаме изминатите неколку денови во огромен процент се должат на настани, семејни собири коишто се случуваа изминатите денови. Токму заради тоа непочитување на мерките ние имаме нови случаи. Во таа смисла само една ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект – нагласи Филипче.

 

Поврзани содржини