Празни кафулиња и ресторани во пресрет на дочекот на Новата година
Според угостителите, периодот што следи ќе биде уште потежок и дел од сопсвениците на угостителските објекти ќе бидат принудени да затворат.
Полупразни се рестораните и кафулињата низ главниот град. Овој ден ќе се памети како најтежок ден за дочек на Новата Година, велат угостителите. 2021 граѓаните ќе ја дочекаат без традиционалните забави во рестораните и кафулињата со жива музика.
Според угостителите, периодот што следи ќе биде уште потежок и дел од сопсвениците на угостителските објекти ќе бидат принудени да затворат.
На самиот праг на новата година од Туристичко – угостителската комора со порака до државата за поголема финансиска помош за да може овој сектор да опстои.
– Се цени помошта од државата, но апелираме во 2021 година таа да биде посилна и таргетирана кон поддршка на туризмот и угостителство, за да може да се преживее. Средствата се потрошени и ако нема посилна поддршка многу од деловните субјекти ќе згаснат. Многу е значајно во обезбедување на економската помош да има континуитет, односно таа да продолжи од јануари – наведуваат од Сојузот на стопански комори.
Угостителите денеска вратите од објектите ќе ги затворат во 18 часот. Овие рестриктивни мерки за угостителските објекти ќе траат до 21 јануари, со цел да се избегне ширењето на корона вирусот и зголемување на бројот на новозаразени.