Празна книга за политичар стана бестселер, еве за кого станува збор

Книгата „Зошто на Салвини би требало да му веруваме, почитуваме и обожуваме“ на 110 страници и по цена од 6,99 евра нуди празни страници и со денови е на врвот на најпродавани книги на италијанската страница за интернет продажба.

442

Книгата за ултрадесничарот Матео Салвини на врвот е на најпродаваните наслови во италијанскиот Амазон, иако содржи само празни страници.

Книгата „Зошто на Салвини би требало да му веруваме, почитуваме и обожуваме“ на 110 страници и по цена од 6,99 евра нуди празни страници и со денови е на врвот на најпродавани книги на италијанската страница за интернет продажба.






Книгата е полна со празни страници. Според повеќегодишните истражувања, не можевме да најдеме ништо што би кажале за тоа прашање, па ве молам, слободно користете ја за сопствени белешки – се вели во описот на книгата.

Како автор наведен е „Алех Грин, политички аналитичар“ и веројатно станува збор за псевдоним. Според Амазон книгата е објавена во 2009 година.

Очигледната шега привлекла мнугу италијански медиуми меѓу кои La Stampa, La Repubblica, Il Fatto Quotidiano iIl Sole 24 Ore.

Критиките на Амазон повеќето се позитивни, а просечната оценка 4,7 ѕвезди.

– Долготрајно и напорно читање, но вредеше – пишува еден потрошувач.

На некои шегата сепак не им се допаднала.

– Ви пишувам само за да ви кажам дека станува збор за празна книга која се продава во интрига со левичарскиот Амазон само за забава на левицата, напишал маж кој ја оценил книгата само со една ѕвезда.

Салвини е лидер на партијата Лига. Тој е политичар кој го дели општеството и познат е по тврдите ставови за мигрантите и по наклонетоста кон популистичките водачи како претседателот во заминување на САД Доналд Трамп.

Поврзани содржини