Праз никна во фонтаната кај ТЦ Бисер (ФОТО)
Од Општина Аеродром за Плусинфо објаснуваат дека станува збор за герила акција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Некој насадил праз во фонтаната која се наоѓа во близина на ТЦ Бисер во Општина Аеродром, а која беше затрупана со земја за таму да бидат насадени цвеќиња и зимзелени дрвца.
„По затрупувањето, фонтаната е успешно посадена со праз. Да, праз, зашто само празна глава може ова да го направи. Златко, имаш ли ти памет“, беше еден од коментарите на социјалните мрежи каде што се споделуваат фотографиите од фонтаната.
Сепак, од Општина Аеродром за Плусинфо објаснуваат дека станува збор за герила акција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– По барање на граѓаните, одлучено е фонтаната да биде претворена во хортикултурно катче, а деновиве ќе бидат насадени цвеќиња и зимзелени дрва. Поради тоа што е скапо повторно да се репарира фонтаната која е стара повеќе од 12 години, се одлучивме на ваков чекор. Во врска со насадените празови, тоа не е ништо друго освен евтина герила акција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – објасни Владимир Стевков, секретар во Општина Аеродром.