ПРАВОТО НА САМООДБРАНА НЕ ЗАВРШУВА НА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА Наследникот на Столтенберг призна дека состојбата во Украина е тешка

Руте призна дека ситуацијата на украинското бојно поле е тешка, но додаде дека напредокот на Русија има многу висока цена, пишува NL Times.

600

Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека правото на Украина на самоодбрана „не завршува на границата“.

Руте призна дека ситуацијата на украинското бојно поле е тешка, но додаде дека напредокот на Русија има многу висока цена, пишува NL Times.






– Според неодамнешните проценки, руските загуби се движат од околу 1.000 убиени или ранети дневно. А тоа е само мал дел од вкупно 500.000 кои се веќе убиени или ранети – рече Руте.

Јенс Столтенберг денеска му ги предаде овластувањата на генералниот секретар на таа организација на Руте на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел.

– Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на ова и на приспособување на нашата Алијанса на се покомплексниот свет. Не постои ништо што не можеме да го постигнеме заедно – изјави Руте.

Поврзани содржини