Православен харем во Русија – Иван има три жени, сака 50 деца, а смислил начин како да ги казнува сопругите ако погрешат

701

Иван Сухов е навидум еден класичен Русин и потекнува од православно семејство. Но, на јавноста ѝ стана познат по неговите необични сфаќања за бракот. Имено, тој живее во еден помал руски град, а брачниот живот го започнал со законската сопруга Наталија. Ама тоа не му било доволно и си побарал уште две жени. Па така, тој во исто време живее со три сопруги, а како што истакнал за руските медиуми, сите три жени се согласиле на таков живот.

Иван бил 11 години во брак со Наталија, а дури потоа одлучил да продолжи со полигамен начин на живот. Како што рекол, Наталија на почетокот се противела на таа идеја, но подоцна прифатила поради неговата огромна желба да има 50 деца.






Како што објавија руските медиуми, тој истакнал дека се труди секоја вечер да поминува со една од неговите партнерки, а доколку некоја од нив го налути или погреши нешто, Иван ја казнувал со тоа што не влегува во нејзината соба цел месец.

Поврзани содржини