ПРАВИЧНАТА ЗАСТАПЕНОСТ СТАНУВА ЗАКОН, А НЕ ФАСАДА ЗА НЕПОТИЗАМ НА ДУИ Благодарение на нашата влада, неправдата завршува, соопшти Вреди

192

ДУИ, сега ребрендирана како Алијанса на коалиции на интереси (АКИ), 20 години ги држеше Албанците како заложници, користејќи го принципот на правична застапеност како маска за корупција, пазарење и одржување на својата моќ по секоја цена, реагираше Вреди преку соопштение.

„Овој закон, кој требаше да биде одобрен во 2003 година, исчезна од агендата преку валкани зделки, клански интереси и политички игри. За нив, правичната застапеност не беше еднаквост, туку начин за вработување на внуци, внуки и партиски милитанти. Денес, благодарение на нашата влада, неправдата завршува. Со овој закон, секоја институција ќе биде обврзана да го почитува и унапредува принципот на фер и соодветна застапеност. Формирањето на владино координативно тело, предводено од вицепремиерот, ќе го следи и гарантира неговото спроведување. Во рок од шест месеци, сите секторски закони ќе бидат усогласени со обврските што произлегуваат од овој закон, со што еднаквоста и правдата ќе станат функционален стандард за сите граѓани. Ова е разликата помеѓу ДУИ и Вреди. Тие ги користеа институциите за да се збогатат себеси и својот круг, ние ги користиме за да донесеме еднаквост и правда. Тие го сменија Кривичниот законик за да ги спасат сопствените корумпирани, ние ги менуваме законите за да гарантираме правична застапеност за сите. Тие донесоа штетни проекти како Отворен Балкан, ние носиме европски стандарди и правна еднаквост“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини