ПРАВИ ДОБРО ДА ТИ СЕ ВРАТИ СО ДОБРО Дарежлив вторник денеска во Паркот на франкофонијата
Нашата земја се приклучи на големото семејство од 85 земји кои инспирираат стотици милиони луѓе на овој ден да даруваат, да соработуваат и да го слават добродетелството. Идејата за овој ден е да ги поттикнува луѓето да прават добро.
Во организација на Центарот за социјални иницијативи Надеж и хуманитарни акци.мк денеска од 13.00-17.00 часот во Паркот на франкофонијата (до Градскиот стадион во Скопје) за прв пат ќе биде прославен Giving Tuesday – Дарежлив вторник и во нашата земја, како дел од глобалното движење.
GivingTuesday – Дарежлив вторник е создаден во 2012 година како едноставна идеја: ден кој ги поттикнува луѓето да прават добро. Оттогаш, тоа прерасна во глобално движење во кое се вклучени повеќе од 85 земји од целиот свет и кое инспирира стотици милиони луѓе на овој ден да даруваат, да соработуваат и да го слават добродетелството.
– На овој ден би сакале да сплотиме што поголем број организации, активисти и граѓани од нашата земја кои ќе се вклучат со промовирање на своите мисии и активности, ќе донираат, волонтираат, ќе споделуваат добрина и љубезност. Сите заинтересирани граѓани можат да ни се придружат, да ширме добрина и да го прославиме Giving Tuesday – Дарежлив вторник заедно – велат организаторите.