ПРАВЕТЕ ШТО ЌЕ ПРАВИТЕ, АМА ТОПЛОВОДОТ ПОД МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ ДА ГО ВРАТИТЕ Бислимовски вели дека тој топловод е екстремно важен
Не сакам да слушам изговори. Од сега кажуваме, сега сме почеток на јуни, тој топловод како знаат да си го вратат во нормала и да функционира, истакна првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски.
Мостот „Беласица“ и топловодот што минува таму е најважен проблем со кој се соочуваме во овој период. Тој топловод е екстремно важен, бидејќи преку него, топлината од Те-То доаѓа до топланата „Запад“ во Тафталиџе и тоа е од голема помош, посочи Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
– Не сакам да слушам изговори. Од сега кажуваме, сега сме почеток на јуни, тој топловод како знаат да си го вратат во нормала и да функционира. Ако има зголемени трошоци поради тоа што топловодот не е ставен во функција, тоа ќе биде на товар на компанијата, нема да биде на товар на граѓаните. Знаеме дека има проблеми со мостот од април, со тој топловод дека има, до почеток на грејна сезона нека си се врати во првобитна ситуација, нека се најдат други опции да мине топловод со тој капацитет, за да можеме да го искористиме бенефитот на една когенеративна постројка. Ако тој топловод не биде ставен во функција, ние во нашите калкулации при правењето на цена ќе сметаме дека работи – порача Бислимовски.