ПРАВЕТЕ БЕБИЊА И КОПАЈТЕ НАФТА Најбогатиот човек на планетата вели дека човештвото мора некако да преживее

Се вели дека цивилизацијата може да умре со тресок или со лелек. Ако немаме доволно деца, тогаш ќе умреме од лелекање во пелени за возрасни. И тоа ќе биде депресивно, рече Маск пред новинарите во Норвешка.

2,912

Најбогатиот човек во светот, кој има 10 деца, денес рече дека светот треба да прави повеќе бебиња и да продолжи да копа по нафта, пишува НДТВ. Илон Маск, кој постојано предупредува дека нискиот наталитет претставува „опасност“ за цивилизацијата, пред енергетската конференција во Норвешка изјави дека светот се соочува со „бебешка криза“.

Запрашан за најголемите предизвици со кои се соочува светот, Маск ја наведе транзицијата кон обновливите извори на енергија, но исто така рече дека стапката на наталитет е „една од моите омилени… нешта за кои треба да се грижам“.






– Не сакаме населението да падне толку ниско што на крајот ќе умреме – изјави Маск пред новинарите во Ставангер, југозападна Норвешка.

– Направете барем доволно бебиња за да го одржите населението – додаде тој.

Многу западни општества и населени земји како Кина се соочуваат со опаѓање на наталитетот и стареење на општества.

– Се вели дека цивилизацијата може да умре со тресок или со лелек – додаде Маск.

– Ако немаме доволно деца, тогаш ќе умреме од лелекање во пелени за возрасни. И тоа ќе биде депресивно.

Тој, исто така, рече дека на планетата ѝ требаат нови извори на фосилни горива.

– Мислам дека реално треба да користиме нафта и гас на краток рок, бидејќи во спротивно цивилизацијата ќе се распадне – рече тој, додавајќи дека „некое дополнително истражување е оправдано во овој момент“.

Маск инаку се залага за одржување на нуклеарните централи, опишувајќи се себеси како „про-нуклеарен“.

Неколку европски земји решија постепено да ја исфрлат нуклеарната енергија, но по инвазијата на Москва на Украина во февруари и последователниот притисок на Европа да се одвикне од руската нафта и гас, нуклеарната дебата повторно се разгоре.

– Знам дека ова можеби е непопуларно мислење во некои страни, но мислам дека ако имате добро дизајнирана нуклеарна централа, не треба да ја затворите – рече Маск.

Бизнисменот, кој беше трипати разведен, стана татко на 10 деца, од кои едното почина на 10-та недела. Претходно оваа година, едно од неговите деца, кое неодамна наполни 18 години, поднесе барање до судот во Калифорнија за промена на нејзиното име и полот во – женски.

Во судските документи пишувало дека таа не сака „на било кој начин, облик или форма да биде поврзана со мојот биолошки татко“ како една од причините за промената на името.

Маск, исто така, има две деца со музичарката Грајмс, девојче кое го нарекоа Екса Дарк Сидереал Маск. Тие исто така рекоа дека најчесто ќе ја нарекуваат Y. Нивното друго дете, момче родено во мај 2020 година, наречено “X AE A-12”, нагалено ќе го викаат Х.

Маск минатата есен објави дека е „полуразделен“ од пејачката.

Американскиот печат неодамна откри дека тој пред да го има девојчето Y so Грајмс, во ноември имал близнаци со директорката во неговата компанија Неуралник, која произведува мозочни импланти.

Поврзани содржини