ПРАВЕЛА СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ И ПАРКИНГ, А ПОЖАРОТ НЕ СЕ СЛУЧИЛ ТАМУ Проектантката Милка Едровска не вршела надзор над дискотеката
Од мене беше побарано само сообраќајно решение и јас го изготвив – рече Едровска, која е петтообвинета во случајот.
Петтообвинетата во предметот „Кочани“ за пожарот во дискотеката „Пулс“, проектантката Милка Едровска од „Венци проект“ на денешното рочиште рече дека не го изведувала внатрешното уредување на дискотеката, туку правела сообраќајно решение.
– Јас не сум изготвувачот на внатрешното уредување на дискотеката. Не сум ги избирала јас материјалите што ќе се употребуваат во ентериерот. Не сум изготвила целосен проект, никогаш тоа од мене не било побарано. Не сум била надзор над дискотеката и не сум била присутна освен во 2012 година, кога беше сѐ направено. Од мене беше побарано само сообраќајно решение и јас го изготвив – рече Едровска.
Нејзиниот адвокат Димче Ристов рече дека неговата клиентка учествувала во изготвување на сообраќајно решение и во проектот за паркингот пред дискотеката, а пожарот не се случил таму.