ПРАВДАТА Е БАВНА, АМА ЌЕ ТЕ СТАСА Пред неколку години се снимал како тепа куче, а сега полицијата му тропна на врата

924

На 01.02.2023 околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело ‘мачење животни’ по член 233 од Кривичниот законик. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини