📷 „ПРАВДА ЗА РОСИЦА“, „ПРАВДА ЗА ИВАНА“, „КОЛКУ БУКЕТИ ВИ Е ЖИВОТОТ..“ Осмомартовскиот марш во Скопје со пораки против семејното насилство

Демонстрантите пред бистата на Јоциќ истакнаа дека симболичните честитки за 8 Март не се доволни ако паралелно не се работи на намалување на родово базираното насилство, економската нееднаквост и дискриминацијата. Годинашниот марш се одржа и во сенка на неодамнешниот трагичен случај во кој животот го загубија Ивана и нејзината ќерка Катја, по долг период на семејно насилство. Едноминутниот молк беше посветен на сите жени кои, според учесниците, не добиле соодветна заштита или правда.

925

Со едноминутен молк за жртвите на насилство врз жени започна денешниот Осмомартовски марш во Скопје. Маршот го организираа повеќе граѓански иницијативи и здруженија, а учесниците се собраа во паркот „Жена борец“.

Маршот започна точно напладне. Учесниците се упатија од паркот „Жена борец“ кон Градскиот парк и бистата на Вера Јоциќ.






Организаторите порачаа дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за безбедност и еднаквост во општество во кое, според нив, институциите често не обезбедуваат доволна заштита. На маршот беа носени транспаренти со пораки „Правда за Росица“, „Правда за Ивана“, „Ниту една повеќе“ и „Здраво, колку букети ви е животот“.

Демонстрантите пред бистата на Јоциќ истакнаа дека симболичните честитки за 8 Март не се доволни ако паралелно не се работи на намалување на родово базираното насилство, економската нееднаквост и дискриминацијата.

Фото: Принтскрин

Годинашниот марш се одржа и во сенка на неодамнешниот трагичен случај во кој животот го загубија Ивана и нејзината ќерка Катја, по долг период на семејно насилство. Едноминутниот молк беше посветен на сите жени кои, според учесниците, не добиле соодветна заштита или правда.

Учесниците порачаа дека институциите треба навреме да реагираат на пријавите за насилство и да обезбедат подобра заштита за жртвите.

Активистката за женски права Калиа Димитрова упати критика до институциите.

– Имам три пораки до институциите, премиерот и министерот за внатрешни работи. Како не ви е срам да се појавите на говорница по рекорден број убиства на жени на кои им претходело пријавувано насилство по кое не се постапувало соодветно? – изјави таа.

Таа додаде дека институциите имаат законска обврска да постапуваат и да ги заштитат жените кои се изложени на висок ризик од насилство.

Фото: Принтскрин

Како да славиме кога се бориме за опстанок и секојдневно умираат жени, велат учесничките на денешниот марш.

Една активистка изјави:

– Нашите барања се исти со години. Гласно и јасно кажуваме дека не се помируваме додека не почнете од корен да го менувате пристапот и не признаете дека создадовте услови за епидемија на насилство врз жените.

Поврзани содржини