„ПРАВДА ЗА БИТОЛА“, „НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР“ Ромските здруженија излегоа на протест против полициската бруталност (ВИДЕО)
Со протестот се бара пресудата да стане правосилна бидејќи доколку пресудата биде променета тоа ќе значи намалена заштита и слобода на ромската заедница и сите жртви на полициска бруталност.
Повеќе граѓански здруженија денеска се приклучија на протестот што го организираше невладината организација „Аваја“, а кој е поврзан со случајот во Битола од минатиот септември кога полицаец физички нападна Ром во центарот на градот откако возачот под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа.
Со пресудата полицискиот службеник е прогласен за виновен и определена му е затворска казна од една година, вела од здружението.
Со протестот се бара пресудата да стане правосилна бидејќи доколку пресудата биде променета тоа ќе значи намалена заштита и слобода на ромската заедница и сите жртви на полициска бруталност.
Оттаму велат дека бараат и Основното јавно обвинителство да ја процесира кривичната пријава во која сите петмина се јавуваат како жртви.