ПРАВДА ВО ОДБРАНА НА ЗАКОНИТЕ ОД СУДСТВОТО Опозицијата манипулира дека на сила сакаме да ги протнеме

Потесетуваме на процедурата, односно некој закон да добие европско знаменце не е важно колку членови се усогласуваат туку важно е само дали има усогласување или не, велат од Министерството за правда.

231

Министерството за правда како целосно невистинити ги отфрла обвинувањата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој и покрај тоа што знае процедури, изјави дека Владата сака на сила да „протне“ 12 закони со европско знаменце, реагира Министерството за Правда на изјавата на Мицевски.

Од министерството објаснуваат дека повеќето од тие закони се нивни и се дел од Стратегијата за реформи во судството чие спроведување е нивна обврска кон граѓаните и кон ЕУ. Дел пак, како на пример предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители се работени во директна координација со Европската комисија. Од таму потесетуваат на процедурата, односно како што велат, некој закон да добие европско знаменце не е важно колку членови се усогласуваат туку важно е само дали има усогласување или не.






– Во случајов секако дека има. Исто така, овие закони се дел од Националната програма за усвојување на европското законодавство и го имаат потребниот ЕПП број. Партијата ВМРО-ДПМНЕ тоа добро го знае и со жалење констатираме дека наместо да влезат во собраниска дебата со цел да дадат и свои предлози, тие свесно манипулираат на штета на реформите во судството, а со тоа и директно на граѓаните.  Некои од овие закони, како на пример оној за парнична постапка се двотретински, така што гласовите и соработката со опозицијата ќе биде потребна со цел заедно да придонесеме за судските реформи за кои толку многу говориме.  Овие законски решенија треба да обезбедат олеснети судски постапки во граѓанските предмети и зголемување на транспарентноста во работата на судовите – велат од Министерството за правда.

Од таму потсетуваат дека некои од овие закони веќе одамна се подготвени од Министерството за правда, усвоени и испратени во Собранието, но поради блокадите на опозицијата тие долго време не се најдоа пред пратениците.

 

Поврзани содржини