ПРАВДА БАРА ЦРНО НА БЕЛО ЗА КАВГАТА Записникиот и дневниот ред на Судскиот совет на видело 

497

Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од 438-та седница како и усвоениот дневен ред откако вчера заменик-претседателот Селим Адеми ја разреши претседателката Весна Дамева.

„ Министерството за правда со голема загриженост ги следи настаните во Судскиот совет. И покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган кој треба да ја обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, она што во моментов се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството. Се надеваме и посакуваме да се надмине целокупната ситуација а Судскиот совет да биде орган кој ќе води грижа за угледот на судството“, се наведува во реакцијата од Министерството за правда.






Судскиот совет денеска го одложи изборот за нов претседател за 2 мај во 11 часот.

Адеми појасни дека за ова се одлучиле членовите на Советот, бидеќи станува збор за мошне важна за работа, за која се согласиле дека е потребно присуство на сите 13 членови. За одложувањето гласаа осум, додека четири членови беа против.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, оцени дека вчерашните случувања на седницата на Судскиот совет не му доликуваат на ова тело кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството.

Со вакви постапки, како што се наведува во реакцијата на Перндаровски, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем.

„Во однос на прашањата за изборите на Весна Дамова и Селим Адеми како членови на Судскиот совет, информираме дека согласно уставните надлежности на претседателот и по извршени консултации, ја има предложено Весна Дамова до Собранието за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во 2019 година како предлог кој доаѓа од редот на истакнати правници. Селим Адеми е избран за член на Судскиот совет по предлог на Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во реакцијата на претседателот Пендаровски.

Поврзани содржини