ПРАТЕНИКОТ СТОЈАНОСКИ ИЗЛЕЗЕ НА АВТОПАТ ЗА ДА ГО ФАТИ ПРЕМИЕРОТ ВО ЛАГА „Велат дека овој дел е завршен, а целиот е ископан“ (ВИДЕО)
На седницата за пратенички прашања Ковачевски кажа дека овој патен правец е завршен, па ете од самиот патен правец докажуваме дека ова е уште една лага од имагинарниот свет на СДСМ, Ковачевски и Бочварски во кој имаат завршено 1.300 километри патишта, додека во реалниот свет граѓаните на Република Македонија возат по дупки и распаднати патишта, истакна пратеникот Бојан Стојаноски.
Пред 10 дена од терен докажавме дека лаже министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за тоа дека е пробиена трасата на автопатот Кичево-Охрид, а денеска директно од терен докажуваме дека лаже и премиерот Димитар Ковачевски за изградени и реконструирани 1.300 километри патишта од регионалниот пат Катланово – Петровец, порача пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, снимајќи се директно од автопатот.
– На седницата за пратенички прашања Ковачевски кажа дека овој патен правец е завршен, па ете од самиот патен правец докажуваме дека ова е уште една лага од имагинарниот свет на СДСМ, Ковачевски и Бочварски во кој имаат завршено 1.300 километри патишта, додека во реалниот свет граѓаните на Република Македонија возат по дупки и распаднати патишта. Потребни се итни предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе ги испратат овие измамници во историјата и ќе дојде нова влада која ќе ја направи Македонија едно огромно градилиште – вели Стојаноски.