ПРАТЕНИКОТ МАКЕДОНЕЦ ВО АЛБАНИЈА СЕ КАНДИДИРА ЗА НОВ МАНДАТ Стерјовски на митинг со Социјалистичката партија во Тирана

На плоштадот Скендербег во срцето на Тирана се одржа првиот изборен митинг на Социјалистичката партија, со која Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) е во коалиција. Лидерот на МАЕИ Васил Стерјовски се обрати со пораката „Продолжуваме заедно – за глас што се слуша, за иднина што ја градиме!“, пренесуваат медиумите во Албанија.

1,135

Албанските медиуми му даваат посебно внимание на учеството на Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) на парламентарните избори и на лидерот Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник.

„На плоштадот „Скендербег“ во срцето на Тирана се одржа првиот изборен митинг на Социјалистичката партија, со која Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) е во коалиција. На митингот беа претставени кандидатите за пратеници од сите 12 изборни окрузи низ Албанија, меѓу нив и Васил Стерјовски, единствен Македонец, во трка за пратенички мандат“, наведуваат медиумите.






Се додава дека тоа е „силен тим, обединет од заедничка визија: напредна, европска и правична Албанија за сите нејзини граѓани”.

„МАЕИ, единствената партија на Македонците, останува доследна на својата мисија – достоинствено претставување и унапредување на правата на Македонците во Албанија, преку институционално учество и силни партнерства“.

Тие пренесуваат и порака на Стерјовски во која тој вели: „Продолжуваме заедно – за глас што се слуша, за иднина што ја градиме!“

Инаку, Македонци од повеќе делови на Албанија, како и од Тирана, членови и симпатизери на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), присуствуваа на митингот во поддршка на коалицијата, посебно на Стерјовски.

Во 2019 година, тој стана првиот пратеник во албанскиот парламент кој јавно се декларира како Македонец.

 

Поврзани содржини