Пратеникот Каевски е позитивен на ковид-19

Информацијата пратеникот ја сподели на својот фејсбук профил каде што напиша дека се чувствува добро.

340

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски е позитивен на корона вирусот.Информацијата пратеникот ја сподели на својот фејсбук профил каде што напиша дека се чувствува добро.

„По првичните благи симптоми кои ги имав во петокот направив брз тест кој што беше негативен, но и покрај тоа направив уште еден ПЦР тест за ковид-19 и резултатот е позитивен. Се чувствувам добро и сум со поблаги симптоми. Во изминатиот период бев максимално внимателен и ги почитував мерките од Комисијата за заразни болести и министерството за здравство. Но, вирусот не прашува, така да, што е тука е и ова ќе помине. Во наредниот период останувам во самоизолација. Чувајте се почитувајте ги препораките и останете во добро здравје – пишува Каевски.






Поврзани содржини