Се степаа пратениците во Чешка затоа што некои од нив не носеле заштитни маски на лицето. Додека парламентот расправал за поддршката на вонредните мерки поради пандемијата со ковид-19, независните пратеници Љубомори Волни и Марјан Бојко дошле на седницата без маски.
Откако зборуваше Бојко, а претседавачот со седницата Томаш Ханзел му рече на пратеникот дека треба да се срами и побара да стави маска на лицето, збор доби Волни.
За време на неговиот говор, независниот пратеник ја нарече партијата на Ханзел „корумпирана партија“, а претседавачот, откако еднаш го предупреди, му го исклучи микрофонот на пратеникот поради навредлив говор.
По ова, Волни тргна кон местото на претседавачот со намера да се обрати преку неговиот микрофон, а потегот се претвори прво во турканица, а потоа и во отворена физичка пресметка на Волни со други пратеници.