Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ бара оставки: Кој од врвот на СДСМ е вмешан во криминалот со дрога?

892

Денес ни е совршено јасно зошто пратеникот од СДСМ од Прилеп, Миле Талески излегува и го брани картелот Заеви, заради тоа што тој е во друштво со Кире Спиркоски – Чипсио и како второ заради тоа што тој лично учествуваше во поставувањето на Чипсио за командир на полициската станица во Прилеп, изјави пратеникот Петар Ристески.

– Миле Талески треба да им одговори на прилепчани кој се е вмешан во криминалот со дрога од раководството на СДСМ?! Миле Талески е најодговорен бидејќи во време кога тој беше претседател на Советот во општина Прилеп е назначен Кире Спиркоски – Чипсио за командир на прилепската полициска станица. Јавноста беше сведок за десетиците слики на Миле Талески заедно со веќе уапсениот командир како седат заедно на софра и во добро друштво. Исто така со уапсениот командир слики и дружби има и градоначалникот на Прилеп, Илија  Јовановски. Заради овие причини, повеќе од јасно е зошто Миле Талески излегува и го брани криминалот кој царува во Приле – рече Ристески.






Тој побара оставки и одговорност.

– Миле Талески заедно со градоначалникот Илија Јованоски најмалку што можат да направат е да понесат морална одговорност и веднаш да се повлечат од функциите.Јасно е дека позади целиот криминал кој се случува во Прилеп стојат овие лица кои денес се најгласни – вели Ристески.

Поврзани содржини