ПРАТЕНИК НА АЛТЕРНАТИВА НЕ САКА ДРУЖБА СО АПАСИЕВ Реџепи нема да го поддржи новото мнозинство?

5,843

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и Левица на Апасиев, објави новинската агенција Журнал на албански јазик, повикувајќи се на свои неименувани партиски извори.

Агенцијата објави дека тој бил категорично против соработка со партијата Левица поради нејзината анти-НАТО, анти-ЕУ и антиамериканска, против Договорот од Преспа и Охридскиот договор и најавил дека ќе побара од неговата партија да се повлече од овој договор.






До моментот на одржување на средбата во Собранието за новото мнозинство, Алтернатива не била информирана дека во ова ново мнозинство е и Левица, туку имале информации дека ЛДП на Горан Милевски ќе биде вклучена, јавува Журнал.

Поврзани содржини