Пратениците во Америка мака мачат со онлајн седници: Том, дали си добро, наопаку си?!

560

На онлајн седница, републиканецот Том Емер од Минесота, се појавил наопаку.Тој додека зборувал за финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот,не забележал дека на неговиот компјутер има вклучено филтер и дека неговите колеги го гледаат наопаку.

„Извинете – господине Емер? Дали сте добро?“, го прекинала спикерката Максин Вотерс.






„Наопаку си, Том“, рекол друг пратеник.

„Не знам како да го поправам тоа“,збунето одговорил Том.

Проблемот набргу бил решен,а пратениците во шега потсетија на адвокатот кој неодамна се појави на судско рочиште на Интернет како мачка.

„Барем не си мачка“, додаде еден од пратениците, на што другите се насмееја.

Емер подоцна објави фотографија на која е наопаку.

„Не сум мачка“, напишал тој.

 

Поврзани содржини