Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ отворија пратенички канцеларии за средби со граѓаните
Денеска меѓу другото отворени се пратенички канцеларии во Петровец, Кавадарци, Штип, Свети Николе, Гостивар и Виница.
Денеска пратеници од ВМРО-ДПМНЕ отворија пратенички канцеларии за средби со граѓани низ цела Македонија.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија со овој чекор пристапува уште еден чекор поблиску до граѓаните. Нашата цел е да ги слушнеме граѓаните, да им ја понудиме нашата помош и потенцијал како партија и пратеничка група, со цел решавање на проблемите од секојдневието.
Денеска меѓу другото отворени се пратенички канцеларии во Петровец, Кавадарци, Штип, Свети Николе, Гостивар и Виница.
Во канцелариите граѓаните ќе можат да закажат состанок со пратеникот од нивното населено место и да побараат решавање или да го истакнат својот проблем или општествена ситуација.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стојат на располагање на сите граѓани и ги повикуваат да ги посетат во канцелариите ширум Македонија.