ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ПРИМИТИВЦИ Ќе влеземе во ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Народот, како што рече тој, ги слушна силните пораки од претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен: „Македонци со чист македонски јазик во ЕУ без додавки, модификации и квалификации“.

1,729

Денеска во Собранието целата јавност се увери дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината, аргументите, обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски. Нервозни се затоа што сите нивни лаги, измислици и шпекулации се поразени. Ги видоа заклучоците со кои јасна е целосната заштита на јазичните, идентитетските, историските и културни посебности на македонскиот народ, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Јован Митрески на прес-конференција попладнево во Собранието.

Народот, како што рече тој, ги слушна силните пораки од претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен: „Македонци со чист македонски јазик во ЕУ без додавки, модификации и квалификации“.






– Македонската вистина е една и ниту едни лажни патриоти со вувузели не можат да ја замолчат. Антиевропската коалиција толку може, тензиите и крвавите сценарија кои намерно ги ширеа по улиците и не им успеаја, сакаа да ги пресликаат и овде во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ се плаши и не сака дебата, затоа се нервозни, бидејќи ги лажеа граѓаните – рече Митрески.

Митрески нагласи дека ќе продолжат да говорат без разлика на свирењето и вревата.

– Македонскиот јазик ќе ечи и во ЕУ, а овие примитивци, осудени криминалци, нема да ја закочат државата. Продолжуваме по европскиот пат, ние ќе влеземе во ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик – нагласи Митрески.

Поврзани содржини