ПРАТЕНИЦИТЕ НА АЛТЕРНАТИВА ЌЕ ГЛАСААТ ПРОТИВ ВЛАДАТА НА ЗАЕВ Лидерот Гаши потврди дека има согласност од 4 народни избраници
Во оваа состојба, со пандемијата и енергетската криза не е време за избори. Сепак, ни треба нова Влада. Нашите четворица пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата - рече Гаши, додавајќи дека наскоро се очекува и отпочнување на преговорите со ЕУ.
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши попладнево инфоррмира дека пратениците на оваа партија решиле утре да гласаат за недоверба на Владата на Зоран Заев.
Оваа одлука Алтернатива ја донесе, откако денеска попладне дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како и двајцата на Левица, ги повлекоа своите потписи од поднесената иницијатива за гласање недоверба на Владата.
– Во оваа состојба, со пандемијата и енергетската криза не е време за избори. Сепак, ни треба нова Влада. Нашите четворица пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата. Имаше голема пречка за нас во однос на гласањето за недоверба на Владата, но Димитар Апасиев го повлече својот потпис од Иницијативата за гласање недоверба на Владата и сега можем да потврдам дека четирите пратеници на Алтернатива утре ќе гласаме за недоверба на Владата – рече Гаши.