ПРАТЕНИЦИ ЗАПАЛИЈА ПОСТЕР ОД АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР ЕДИ РАМА Тепачка во парламентот во Тирана

За време на инцидентот, пратениците на Демократската партија побараа парламентарното мнозинство да ја „предаде“ на законот вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балук.

524

Големи тензии се случија денеска за време на пленарната седница во албанскиот парламент во Тирана, пратениците се тепаа меѓу себе, фрлаа чадни бомби и се судирија со членовите на Гардата на Република Албанија, врз кои фрлаа шишиња.

Инцидентот се случи откако членовите на Демократската партија (ДП) ги блокираа говорниците и министерските места, со што ја спречија нормалната работа на парламентот.






Членовите на опозицијата се судрија со Гардата, додека во салата беа фрлани чадни бомби. За време на инцидентот, пратениците на ДП побараа парламентарното мнозинство да ја „предаде“ на законот вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балук.

Пратеници од опозицијата, исто така, запалија и постер на премиерот Еди Рама.

Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал на 19 ноември одлучи да ја суспендира Балука од функцијата, а Уставниот суд привремено ја суспендираше одлуката, до понатамошно разгледување на случајот.

Опозицијата се спротивстави и на парламентарната постапка за избор на Ендрит Шабани на функцијата народен адвокат, кој беше избран на 12 декември.

Денеска Шабани положи заклетва пред пратениците и официјално ја презеде функцијата, и покрај тензиите во салата.

На седницата беше планирано да се дискутираат неколку законски предлози, вклучувајќи ги и мерките на Владата на Албанија во борбата против организираниот криминал.

Поради ескалацијата на конфликтот, дебатата не се одржа, а парламентот продолжи со гласање без дебата.

 

Поврзани содржини