Пратеничко прашање до Спасовски: Во Скопје хара банда од Автокоманда, претепаа четворица, еден е новинар
Дали овие бандити ќе бидат сопрени затоа што тие претставуваат еден вид на платена војска на бегалецот, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Дали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, знае дека во градот Скопје хара една банда и колку што знам досега има претепано четири луѓе, од кои еден е новинар, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од собраниската говорница на денешната седница за пратенички прашања.
– Дали министерот ќе направи нешто за да ги сопре овие бандити кои според некои информации се знае дека се некој вид на платена војска на бегалецот од правдата, односно Сашо Мијалков. Сите тие имаат една заедничка точка, а тоа е што се во добри односи со бегалецот од правдата. Дали ќе се охрабри Министерството за внатрешни работи да ги открие овие луѓе, и да одговараат за претепувањето на тие четири лица. Еве и да помогнам малце, сите знаат, цело Скопје знае дека тие насилници се од Автокоманда – рече Николоски.