Пратеничката Ели Панова до Филипче: Не троши време на сликање, луѓе ни умираат!

506

Македонија е помеѓу првите пет земји во Европа по смртноста од ковид-19, а Владата и министерот за здравство Филипче немаат никаква контрола врз здравствената криза, па сепак вчерашниот ден го потрошија на сликање, пред комбе од приватна донација, изјави денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова.

Секоја донација секогаш е добредојдена, но кога наоколу е хаос, тогаш тоа е недозволив ПР, реагира пратеничката.






„Сликањето вчера и трошење цел ден додека луѓе умираат, беше само ПР стратегија, бидејќи оваа донација никогаш немаше да се случи ако директорот на струмичката болница панично не побараше помош од граѓаните. Уште полицемерно е тоа што во ребалансот ни го одбивте амандманот да се набават амбулантни возила за Струмица. Инаку, болнички возила недостасуваат низ цела Македонија, затоа што четири години не успеавте да набавите ниту едно болничко возило”, рече пратеничката Панова.

Таа побара од министерот Филипче да соопшти колку пациенти починале во јавните здравствени установи, а колку во приватните и дали само, како што праша, богатите имаат можност да преживеат и порача да се овозможи брзо тестирање за сите граѓани и тоа во истиот ден, а не да се чека на термин со денови.

Поврзани содржини