ПРАШАЈТЕ СИ ГО ТАЛАТ КАКО ПЕТАР СТАНА СОВЕТНИК ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА „Богојески е националист на батерии“, возврати Вреди на нападите од ДУИ

За разлика од ова изгубено опозициско раководство на ДУИ, ние не кукаме кога е тешко, туку се бориме системски да ги исправаме грешките. Со сите пречки со кои се соочуваме и со последиците од криминалниот режим на Ахмети, Груби, Османи и нивните послушници кои ги наследивме, ние ќе го реформираме системот и ќе изградиме одржливи решенија за Албанците, порачаа од Вреди преку соопштение.

1,684

Коалицијата Вреди излезе со свој став за, како што велат, провокациите на новиот директор на програмата Еразмус, Петар Богојески.

Оттаму велат дека тој неретко лавира во ставовите во зависност од личните очекувања.






„Јавноста го памети од поддржувач на СЈО, реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист, ама на батерии. Затоа, уште едно потценување на Албанците е кога ДУИ се обидува да пласира теза дека ЕУ интеграциите на Македонија наводно зависат од ваков лик. Прашањето е зошто ДУИ пред вака да се срами не го прашала Талат Џафери како Богојески бил државен советник во Министерството за одбрана? Зошто на ДУИ не му пречеа неговите антиалбански ставови кога беа во официјална коалиција со Груевски и со Мијалков? За разлика од ова изгубено опозициско раководство на ДУИ, ние не кукаме кога е тешко, туку се бориме системски да ги исправаме грешките. Со сите пречки со кои се соочуваме и со последиците од криминалниот режим на Ахмети, Груби, Османи и нивните послушници кои ги наследивме, ние ќе го реформираме системот и ќе изградиме одржливи решенија за Албанците“, порачаа од Вреди преку соопштение.

Ова следува откако прво ДУИ реагираше на назначувањето на Богојески. Од партијата на Али Ахмети велат дека назначувањето на личност која, како што истакнуваат, целата своја јавна и политичка кариера ја изгради на навреди и омаловажувања на Албанците, претставува директна провокација не само за Албанците во Македонија, туку и за самата европска идеја во земјата.

„Посебно е иронично и трагично што овој поединец е предмет на кривична пријава токму од Вреди, а денес со нивна поддршка е награден со лидерска функција. Овој чин е јасен сигнал: навредите кон Албанците не само што не се санкционираат, туку се наградуваат и со државни функции. Ова е опасна порака дека секој што сака да гради политичка кариера треба само да го понижи албанскиот народ“, наведоа меѓу другото од партијата на Али Ахмети.

Поврзани содржини