ПРАШАЊЕТО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА Е ВНАТРЕШНО ПОЛИТИЧКА ТЕМА Тоа е интимен политички простор на Македонците и на Бугарите и мора меѓусебе да го решат, порача Милановиќ

Да се каже дека Украина е поблиску до членство во ЕУ отколку Црна Гора или Македонија е дрска навреда кон овие земји. Тоа е неправедно и нехумано, рече денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничка-прес конференција со бугарскиот претседател Румен Радев.

1,678

Прашањето меѓу Македонија и Бугарија е внатрешно политичко прашање меѓу тие две земји, рече денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничка-прес конференција со бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во официјална посета на Хрватска.

Претходно Радев рече дека Бугарија не поставува дополнителни услови за Македонија, туку бара да се исполни договореното, да се заштитат правата на бугарското малцинство со уставни измени. Според Радев, Македонија самата се сопира на патот кон ЕУ.






– Се работи за едно чувство дека е јадна таа држава која самата за себе миси дека не може да функционира надвор од Европската Унија. Македонија не е јадна, туку е национална држава на тој народ. Ова за што сега зборуваме се внатрешни политички прашања на Бугарија и на Македонија – рече Милановиќ.

Пред неколку години, додаде тој, јас застанав на македонската страна, но помина многу време, се сменија владите и тоа тие мора меѓусебе да го решат.

– Очигледно е дека се работи за интимен политички простор и на Бугарија и на Бугарите, како и на Македонците. Но, зошто велам дека тоа е внатрешно политичко прашање? Власта во Македонија, која дојде неодамна, значи и претседателката и премиерот се од иста политичка групација и цврсто ја држат власта, очигледно не сакаат да направат некои компромиси. Додека проценуваат дека тоа не ја загрозува позицијата на државата, дека таа и натаму е цврста, тоа е само нивна одлука. Бугарија очигледно смета дека не може да помине преку некои работи и не е на мене јас да зборувам за тоа – рече Милановиќ.

Тој додаде и дека е дрска навреда да се каже дека Украина е најблиску до членство во ЕУ, пред Црна Гора и пред Македонија.

– Ми се чини сè поверојатно дека овој цинизам и дрскост на одредени европски структури е незапирлив. Овие луѓе се чини дека се опседнати со Украина и како тоа да е нивниот начин да останат на власт. Украина е земја во војна, без јасно дефинирана територија, која не е во можност да се финансира сама. Да се каже дека Украина е поблиску до членство во ЕУ отколку Црна Гора или Македонија е дрска навреда кон овие земји. Тоа е неправедно и нехумано, ние ја уништуваме таа земја – рече Милановиќ на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Румен Радев.

СПОРЕД РАДЕВ, МАКЕДОНИЈА САМАТА СЕ СТОПИРА НА ПАТОТ КОН ЕУ Ние чекаме да ги стави Бугарите во Уставот, вели тој

Поврзани содржини