ПРАШАЊЕТО ЌЕ СЕ РЕШАВА НА РЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ-СОФИЈА Наша цел е членство во ЕУ, истакнува Максим Димитриевски
Во државата дефинитивно има многу корупција, криминал и организиран криминал, кој што е менаџиран од највисоко ниво. Ние сите мора да се бориме против тоа - истакна претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски,
Економијата ќе ни биде во прв план за да се одржи оваа држава и населението на овие простори. Ние мора да ја кренеме економијата, да ги искористиме сите потенцијали и природни ресурси кои ги имаме и со одржлив економски раст и развој да создадеме своја држава која ќе почива на свои вредности и дополнително да го бараме нашиот перспективен пат во Еввропската унија, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тешки муабети“ на порталот Инфомакс.
Димитриевски посочи дека членството на Македонија во ЕУ е долгорочна цел.
-Нашата долгорочна цел е членство во ЕУ. Во овј момент Македонија не исполнува голем број од поставените услови за влез, покрај Уставните измени. Во државата дефинитивно има многу корупција, криминал и организиран криминал, кој што е менаџиран од највисоко ниво. Ние сите мора да се бориме против тоа – истакна Димитриевски.
Во однос на проблемот со Бугарија тој рече дека дале предлог како да се надмине проблемот.
– Тој предлог предвидуваше да се изгласаат измените на Уставот, со тоа што нивната имплементација би се направила по полноправното членство на Македонија во ЕУ, за да се заштитиме од дополнителни барања од Бугарија. Прашањето ќе мора да се реши на релација Софија – Скопје. Нема кој друг да го реши – рече Димитриевски.