Прашања до министерот за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски
Актуелниот Министер за внатрешни работи, во времето на Пржинската Влада која беше формирана со цел да организира предвремени парламентарни избори, носи уредби со сила на закон кои требаше да се применуваат за време на вонредната состојба.
Дилемите, магливоста и парадоксите поврзани со носењето на Еуростандард банка во стечај од ден во ден стануваат по впечатливи, и го прават сè порелевантно прашањето дали требаше да дојде до таквиот штетен чин. Актуелниот Министер за внатрешни работи, во времето на Пржинската Влада која беше формирана со цел да организира предвремени парламентарни избори, носи уредби со сила на закон кои требаше да се применуваат за време на вонредната состојба.
На 21 Седница на техничката Влада одржана на 17 март 2020 година, се носи предлог одлука за воведување на вонредна ситуација и пакет мерки за превенирање на ширење на вирусот Ковид-19 и заштита на стопанските субјекти.
Во Службен весник на 24 Март 2020, беше објавено дека 3 месеци по истекот на вонредната ситуација не е дозволено отворање на стечај на кој било правен субјект.
Во Службен весник, на 29 мај 2020 година, е објавена одлуката на Владата со која се суспендира првобитната уредба со сила на закон од три месечен тајм-аут, и се дозволува правниот субјект да се носи во стечај веднаш по завршување на вонредната состојба.
Првите две прашања до тогашниот Премиер а сегашен Министер за внатрешни работи гласат: кој во техничката Влада е предлагач на првата уредба со давање на три месечен мораториум за поведување на стечајна постапка и кој е предлагачот со новата уредба огласена во Службен весник на 29 мај 2020 година, првобитната уредба да се суспендира.
Свесен сум дека при нефункционалност на Собранието на Република Северна Македонија, носењето на вакви уредби е нецелосно законски. Тоа беа првите две прашања и на крајот ќе го поставам основното, базично прашање. На 12 август 2020 година (среда), член од акционерите беше примен во вашиот кабинет како технички Премиер, во кој бараше поддршка, со цел да се спречи Народна банка да преземе ригорозни мерки против нас акционерите. Добиено е усно ветување дека вие како Премиер на техничката Влада ќе се заложите за ова наше барање, бидејќи консеквенциите од отворањето на стечајот, веќе гледате и самиот дека се катастрофални.
Почитуван министре Спасовски, средбата во вашиот кабинет на член од семејството, беше остварена само на три и половина часа пред објавувањето на Народна банка дека со користење на дискрециското право на гувернерот, Еуростандард банка се брише од регистарот на банки и се носи во стечај.
Не е можно да вие како Премиер да не знаете дека се подготвува мерка СТЕЧАЈ за Еуростандард банка. Не е можно вие како бивш и сегашен Министер за внатрешни работи да не знаете дека се подготвува армија од луѓе кои требаше да го изведат пломбирањето на сите 340 експозитури како и главната дирекција на Еуростандард банка во рок од 15 – 20 минути.
Истиве овие прашања ви ги поставив на вашата ФБ и ФП страница, но за жал одговор не добив.
Искрено се надевам дека ќе дадете одговор на овие прашања, со цел оштетените над десетици илјади правни и физички лица од стечајот на Еуростандард банка, вклучувајќи нè и нас акционерите, да ја бараме правдата и да бараме обесштетување, исплата на сите оштетени страни од овој непримерен, суров и со предумисла направен гест за носење на банка во стечај.
Знам дека се наоѓате во мошне непријатна ситуација со горе поставените прашања, меѓутоа верувам во вашата професионалност како политичар, избран од народот, дека сте должни да ги штитите нивните интереси.
Воопшто, во животот за направените грешки или за носењето на избрзани одлуки без конкретни анализи, некој треба да понесе одговорност и да најде начин за обесштетување на луѓето кои по ничија вина останаа без сопствените финансиски средства.
Оштетените штедачи од случајот Еуростандард банка и ние акционерите сме лојални граѓани на Република Македонија, редовно ги плаќаме сите давачки пропишани со закон со цел да финансираме институции кои ќе ја гарантираат сопственоста на секое физичко и правно лице.
И вам ви е јасно дека носењето на Еуростандард банка во стечај е чин без преседан во историјата на Македонското банкарство, и дека институциите на системот почнувајќи од Народна банка и сите управи при МВР не ја одиграа својата основна функција, а тоа е да превенираат во случај на криминални активности кои влијаат за безбедноста и сигурноста на сите физички и правни лица во државата. Вие како Премиер на техничката Влада во периодот на носењето на двете уредби имате обврска да го обзнаните одговорот на горенаведените прашања.
Ја користам приликава, вам господине Спасовски и на останатите верници од православна вероисповест да ви го честитам празникот Св. Јован – Водици.