ПРАМЕНИ СО БОЈА НА МЕД Анџелина Џоли смени имиџ

676

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли неодамна била фотографирана со прамени со боја на мед, кои потсетуваат на нејзината ера на блондинка од 90-тите отфрлајќи ја својата препознатлива нијанса на темно чоколадо.

Актерката имаше сличен изглед во психолошката драма „Девојка со нарушување“ (Girl Interrupted) од 1999 година, каде што ја глумеше антагонистката Лиса Роу – бунтовен, но харизматичен социопат.






Таа била фотографирана додека работи на својата нова колекција со „Клое“,а фотографиите ги објави  модната куќа.

Џоли соработува со француската луксузна модна куќа на создавање одржлива палета Atelier Jolie, која заедно ја дизајнираат Анџелина и креативната директорка на „Клое“, Габриела Харст.

Поврзани содржини