ПРАКТИЧНО НЕМА ШТО ПОВЕЌЕ ДА СЕ ГАЃА ВО ИРАН Војната ќе заврши кога јас ќе посакам, вели Трамп

Шефот на САД уверува дека Иран веќе претрпел огромна штета од нападите на САД. Американски и израелски претставници, пак, велат дека се подготвуваат напади за уште најмалку две недели во Иран.

0

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран може да заврши „наскоро“. Според него, нападите веќе уништиле голем дел од целите. Изјавата ја даде во краток телефонски разговор, објави порталот Аксиос.

– Практично немаме ништо што да гаѓаме. Неколку работи тука и таму… Ќе заврши кога јас ќе посакам – рече Трамп.






Иако Трамп сигнализира дека операцијата ги постигнала целите, американските и израелските претставници велат дека нема официјална директива за крај на борбите.Израелски и американски извори велат дека се подготвуваат за најмалку уште две недели напади врз Иран.

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача дека операцијата ќе продолжи без временско ограничување.

Од друга страна, Си-Ен-Ен тврди дека Трамп планира да прогласи „лажен крај на војната“.

„Најблиските помошници на американскиот претседател Доналд Трамп веќе создаваат наратив за победа за војната во Иран, подготвувајќи се за денот кога ќе мора да се повлече од конфликтот. Белата куќа создава надреално сценарио во кое Трамп лично прогласува безусловно предавање на Исламската Република, дури и ако тоа не се совпаѓа со реалноста“, коментира Си-Ен-Ен.

Трамп, пак, оцени дека војната оди подобро од очекувањата.

– Војната оди одлично. Многу сме пред распоредот. Направивме повеќе штета отколку што мислевме дека е можно – рече тој.

Според него, Иран „плаќа цена за 47 години смрт и уништување“.

– Ова е одмазда. Нема да се извлечат толку лесно – додаде Трамп.

Првиот човек на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер, изјави дека целта на операцијата е да се намали способноста на Иран да ја загрозува пловидбата.

– Американските сили демонстрираат разорна борбена моќ. Борбената моќ на САД расте, а на Иран се намалува – рече Купер.

Тој додаде дека бројот на ирански ракетни и дронски напади значително се намалил.

Кога ги објави првите напади на 28 февруари, Трамп ги наведе главните цели на воената операција: уништување на иранските ракети и ракетната индустрија, уништување на иранската морнарица, спречување на иранските сојузнички милиции да го дестабилизираат регионот и спречување Иран да развие нуклеарно оружје.

Поврзани содржини