ПОЗНАТИ 25 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ Според Сајкоски сите водат со 4:1 на анкетите во општините

Се работи за чесни, одговорни, работни и експидитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници кои направиле вистинска трансформација во нивните општини, изјави генералниот секретар на партијата велејќи дека за Скопје ВМРО-ДПМНЕ цели да го избере најдобриот кандидат.

1,593

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. ИК утврди 25 кандидати.

По состанокот, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите. Тој посочи дека овие кандидати уживаат најголема доверба меѓу граѓаните. Според рејтингот, сите кандидати водат со 4 пати разлика, а во некои општини и 5 на 1.






„ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите кои се предложени од ИК на партијата убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат. Сите кандидати кои се избрани, го имаат поминато тестот на граѓаните“, велат од партијата.

1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски

За Град Скопје целиме да го избереме најдобриот кандидат, вели Сајкоски, не посочувајќи име засега.

– Се работи за чесни, одговорни, работни и експидитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници кои направиле вистинска трансформација во нивните општини. Дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои досега се водени од кадри на СДСМ – рече Сајкоски.

Генсекот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се одвиваат и внатрепартиски избори за советници.

Поврзани содржини