PPC GROUP, МАЈКАТА ФИРМА НА ЕДС, Е КОМПАНИЈА НА ГОДИНАТА ВО ГРЦИЈА Врвното признание е резултат на гласањето на повеќе од 9.500 менаџери
Со вкупен инсталиран капацитет од 12,4 GW и повеќе од 8,8 милиони клиенти, групацијата PPC има значајно присуство на регионалниот енергетски пазар.
PPC, една од водечките енергетски компании во Југоисточна Европа, и мајка компанија на снабдувачот со електрична енергија ЕДС, е прогласена за „Компанија на годината“ на престижните грчки бизнис награди „Лидери на грчката економија 2025“, традиционално организирани од Direction Business Network.
Ова врвно признание е резултат на гласањето на над 9.500 високи раководители од најголемите грчки компании и е силна потврда за развојниот курс и успешната стратегија на PPC во последните години.
Со вкупен инсталиран капацитет од 12,4 GW и повеќе од 8,8 милиони клиенти, групацијата PPC има значајно присуство на регионалниот енергетски пазар. Активна е во Грција, Романија, Италија, Бугарија и во Хрватска, каде што обезбедува безбедно и квалитетно снабдување со електрична енергија, конкурентни цени и пристап до зелена енергија и дигитални технологии преку иновативни и одржливи решенија.
Како дел од оваа групација е и ЕДС, која е водечка компанија на пазарот за трговија со електрична енергија кај нас, и која ги носи најдобрите европски практики и решенија на домашниот пазар. Како и нејзината матична компанија, ЕДС со години е меѓу најуспешните компании во домашниот бизнис сектор. Оваа година, ЕДС го доби и сертификатот „Бизнис лидер“ од агенцијата за кредитен рејтинг Target Group, што е признание за стабилноста, професионализмот и континуираниот раст на компанијата на пазарот на електрична енергија.
Оваа награда е уште една потврда за визијата на PPC Group да биде двигател на енергетската трансформација во регионот, со фокус на одржливост, дигитализација и одговорност кон заедницата.