ПОЗНАТО ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ НА „АВАТАР“ Се крчка нов заплет за „сините луѓе“

„Аватар 2“ ќе продолжи од врската меѓу Џејк Сали (Сем Вортингтон) кој доаѓа од Земјата и Натири (Зои Салдан), која е сината претставничка од народот Нави од Пандора. Тие веќе стапиле во брак и се грижат за своите деца … Но, среќните денови на Сали и неговото семејство се прекинуваат кога „Корпорацијата РДА“ ќе одлучи да ја продолжи својата работа на Пандора.

640

Нов заплет во второто продолжение на ултрапопуларниот филм „Аватар“ ќе ги втурне ликовите од „сината цивилизација“ во нови проблеми. Филмот е снимен и ќе ја има премиерата декември догодина, а веќе протекоа можните сценарија, јавува МИА. Ќе биде режиран од Џејмс Камерон, а продуцентот Џон Ландау сакал или нејќел во интервју ги откри деталите.

„Аватар 2“ ќе продолжи од врската меѓу Џејк Сали (Сем Вортингтон) кој доаѓа од Земјата и Натири (Зои Салдан), која е сината претставничка од народот Нави од Пандора. Тие веќе стапиле во брак и се грижат за своите деца … Но, среќните денови на Сали и неговото семејство се прекинуваат кога „Корпорацијата РДА“ ќе одлучи да ја продолжи својата работа на Пандора.






Заедно со своите роднини, Џејк ќе биде принуден да побегне на „Гребенот“, место кое се смета за безбедно. Таму ликовите ќе се запознаат со кланот Меткејн.

– Мислам дека силата на оваа приказна е во тоа што Џејмс (Камерон, б.п.) секогаш го прави во неговите филмови. Тој пишува (сценарија) на универзални теми кои не се ограничени на еден жанр. И ако размислите за тоа, ќе видите дека нема поуниверзална тема од семејството. Во срцето на секое наше продолжение ќе биде семејството на Сали. Низ што ќе треба да поминат родителите за да ги заштитат своите деца? – реторички прашува Ландау.

Продуцентот исто така навести дека сите наредни продолженија ќе бидат поврзани во една приказна.

Оригиналниот „Аватар“ беше премиерно прикажан во 2009 година. Потоа стана еден од филмовите со најголема заработка во историјата на кинематографијата. Беше номиниран за Оскар во девет категории и доби три од нив: за режијата, кинематографијата и за визуелните ефекти.

Поврзани содржини