ПОЗНАТО КОГА ПУТИН ЌЕ ГО ОДРЖИ ГОВОРОТ Намерно го одложи, ги трола Обединетите Нации?
Путин најави обраќање до нацијата, но не се огласува. Додека очите на светот се вперени во Москва, никој не се грижи за Седницата на Собранието на ОН, на која Путин не смее да учествува. Тролање на највисоко ниво, напиша уредникот на германски Тагесцајтунг.
По неколкучасовното чекање, државните медиуми индиректно потврдија дека говорот на Путин е одложен. Уредничката на државната телевизија РТ, Маргарита Симоњан, им кажа на гледачите да одат на спиење. Но, Спутник пишува дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ѝ се обрати на јавноста утре, во среда наутро во 8 часот, а дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу ќе зборува во 8 и 30, пренесеува српски Телеграф.
Западните медиуми објавија дека Путин и Шојгу требало да разговараат вечерва, но тоа не се случило. Во меѓувреме почнаа да кружат различни теории зошто говорот на Путин не се одржа.
Еден од нив е уредникот на германскиот медиум „Тагесцајтунг“, Доминик Џонсон, кој има интересна теорија која ја изнесе на Твитер.
„Путин најави обраќање до нацијата, но не се огласува. Додека очите на светот се вперени во Москва, никој не се грижи за Седницата на Собранието на ОН, на која Путин не смее да учествува. Тролање на највисоко ниво“, напиша Џонсон.
Да потсетиме, денеска Луганската Народна Република, Доњецката Народна Република, Херсонската и Запорожјската област најавија дека од 23 до 27 септември ќе се одржат референдуми за присоединување кон Русија.