Познато е зошто Бафет не носи смартфон со себе

Бафет додава дека тој никогаш не користи апликации на својот телефон и понекогаш има потешкотии да остварува повици на неговиот уред.

801

– Мало дете подобро ракува со „iPhone“, отколку јас вели Ворен Бафет, иако пред извесно време извршниот директор на „Apple“, Тим Кук лично му објаснил како се користи уредот.

– Отидов во Калифорнија и Тим беше многу трпелив и мина часови со мене за да ми покаже како работат телефоните. Јас го подигнав моето ниво и сега е како на двегодишно дете – рече Бафет.






– Многу се забавувавме. Тој е одличен човек, а и „iPhone“ е неверојатен производ, додава тој во интервјуто за „Yahoo Finance“.

Според податоците од крајот на 2019 година, компанијата „ Berkshire Hathaway“ на Бафет има инвестиција од 73,7 милијарди американски долари во „Apple“. Првично, Бафет инвестираше во компанијата во 2016 година.

Бафет додава дека тој никогаш не користи апликации на својот телефон и понекогаш има потешкотии да остварува повици на неговиот уред.

Милијардерот исто така изјави дека не го носи својот телефон за време на интервјуто.

– Загрижен сум што ако тој можеби заsвони, не би знаел што да правам со него – вели Бафет.

– Вчера дури имав проблем да повикам некого, објаснува тој. – И ова е нешто со што ќе се справи секое двегодишно дете – вели Бафет.

Милијардерот ќе наполни 90 години во август годинава.

Поврзани содржини