Познато е колку вакцини треба земјата да обезбеди за да се заштити населението
Македонија може да набави вакцини преку Ковакс механизмот или преку Алијансата за имунизација, но засега се уште нема готов производ на пазарот.
Најмалку 400.000 вакцини против ковид-19 и се потребни на Македонија согласно препораките на Светската здравствена организација. СЗО предвидува да биде имунизирано 20 проценти од населението за да дојде до колективен имунитет. Надлежните велат кога ќе дојде време ќе обезбедат и финансиски средства а граѓаните нема да плаќаат за имунизација, објави Сител.
Македонија може да набави вакцини преку Ковакс механизмот или преку Алијансата за имунизација, но засега се уште нема готов производ на пазарот. Во меѓувреме, од Комисијата за заразни болести имаат задача да утврдат колкава популација е во ризична група за да прими од вакцината против корона вирусот.
– Оксфордската вакцина почна со тестирање уште во април на лица постари од 55 години, помлади од 55 а беа вклучени и деца под 12 години. Секако дека размислуваме и за децата да бидат заштитени, но она што го дискутираме на Комисија е да бидат опфатени оние ризични групи, хронично болни и секако медицинскиот персонал. На Комисија зборувавме на неколку осстоаноци за вакцината, вели Ангелчо Андоновски, директор на болницата во Козле и член на Комисија за заразни болести.